Пресметка на српската и црногорската мафија во Минхен

 

Новите пресметки на српските и црногорската мафија во Германија, како што пренесуваат српските медиуми се случила во елитниот ресторан во Минхен. Во инцидентот учествувале повеќе лица, од кои петмина се повредени. Причината за пукањето, според сомневањето на германската полиција, е поделбата на територијата поради продажбата со наркотици. Ова не е прва пресметака на млади луѓе од Црна Гора и Германија. Имено во ноќта меѓу 29 и 30 декември, минатата година во хотелот „Луксор“ во центарот на Франкфурт на монструозен начин се убиени Марко Јакшиќ од Земун и неговиот пријател Бојан Ристиќ од Бор. За овој масакр осомничени се Црногорецот Александар Кнежевиќ, наречен Лаки и за сега неидентификуван млад човек кој е познат само под прекарот Црни.

најчитано сега