МЗТ Скопје започна со подготовките во новата сезона
МЗТ скопје денеска започна со подготовките во новата сезона во која клубот од Аеродром ќе настапи на четири шампионати. Покрај во домашната лига „аеродромци“ ќе се натпреваруваат и во домашниот куп (ги бранат и двата пехгари) ќе играат и во АБА јадранската лига и во Еврокупот на УЛЕБ.
Тренерот Влада Вукоичиќ на денешниот прв состанок во СЦ „Борис Трајковски“ ги презентираше своите размислувања и очекувањата. На состанокот беа присутни сите играчи, како и репрезентативците на Македонија, единствено недостасуваше Американецот Џастин Рејнолдс, кој се очекува да допатува во текот на денешниот ден и од утре да се вклучи во тренажниот процес.
Подготовките во најголемиот дел ќе бидат во Скопје, а во план е учество на турнири и на натпревари и на домашен терен и на гости.
ФОТО: hitportal.com.mk