Свадба во македонската Влада: Министер се жени со поранешна Сителовка
Министерот за странски инвестиции Веле Самак на почетокот на септември ќе стапи во брак со некогашната водителка на „Сител бамбини“, Бојана Ацева – Андонова. Според информациите кои ги објавија повеќе медиуми а за кои Press24 успеа да добие и потврда од извори во македонската Влада, Бојана и Веле на верност ќе се заколнат во Прилеп а свадбата е закажана за 7 септември.
Веле Самак по втор пат застанува пред олтар. По 11 годиини брак, тој во 2010 се разведе од Роксана со која има и ќерка.
15.08.2013 - 11:57