Дечиња од Возарци тргнаа на бесплатно летување на Пелистер

 

Деца од кавадаречкото село Возарци заминаа на бесплатно летување за Пелистер кое по трет пат го организира еколошкото друштво „Тисовец“ во рамки на проектот на Владата, а го финансира Министерството за животна средина.

- Во овој проект по втор пат се вклучува и „Фени индустри” како најголем стопански субјект во регионот. Компанијата донираше средства за летувањето на повеќе деца. Истовремено ги поддржува сите наши активности па се надеваме на понатамошна соработка со нив, рече Сашко Данов, претставник на еколошкото друштво „Тисовец“. 

најчитано сега