Зоран Заев навестува локални избори наесен

Ромите во Македонија се еднакви заедно со другите етникуми кои живеат во Македонија, младите Роми треба да бидат дел од општеството и да ја креираат заедничката иднина на Македонија. Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ромскиот вебтв портал 24vakti.mk.

За политичката ситуација Заев вели:- Македонија е граѓанска држава со мултиетнички состав таква и ќе остане, Ромите имаат можност да го користат својот мајчин јазик во повеќе општини и институции. Во моментов малку е искористен ромскиот јазик во Шуто Оризари. Со негова поголема употреба подобро ќе се чувствуваат или ќе се изразат Ромите за своите проблеми пред локалните институции. 

Во врска со локалните избори Заев истакна дека септември или октомври е најдобар термин тие да се одржат.  

- Профилот на идниот градоначалник мора да биде образован, млад Ром со предиспозиции за граѓански концепт на мултикултурно општество, вели Заев.

 

 

 

10.04.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега