ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да избега од дебата затиранската платформа

Намерата на СДСМ да избега од дебата за тиранската платформа нема да им помине, нема да го дозволиме тоа и во Собранието на Република Македонија ќе се дискутира јасно, гласно и отворено за сите прашања, особено за оние од кои зависи иднината на суверена Македонија, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

- СДС вчера не успеа да изврши Пуч во Собранието и со прекршување на Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, да го одземе најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор и дискусија.  Не успеа вчера да спречи дискусија и на мала врата да си ја турка агендата од тиранската платформа што ја прифати само за да дојдат на власт и да не одговааат за криминалот што го направија, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција..

Тој нагласи дека таков дрзок обид за одземање на правото за збор на пратениците досега е невиден во Собранието на Република Македонија и додаде дека  со грубо газење на демократијата, Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието СДСМ сакаат да побегнат од дебата за постизборната политичка измама која што ја направија со прифаќање на тиранската платформа.

- СДС како многупати досега сакаат да ги сокријат работите надевајќи се дека граѓаните нема да видат какво предавство на Република Македонија и е извршено. Ова не преставуваше само обид да се замолчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, туку претставуваше обид да се спречи да се слушне гласот на повеќе од 454 илјади граѓани кои својот глас на последните парламентарни избори го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Ова претставуваше и обид да се игнорираат и да не се слушне мислењето и на оние 200.000 граѓани што секојдневно протестираат на улиците и апелираат нивните ставови да бидат јасно, гласно и прецизно кажани во Собранието, потенцира Данев.

Прецизира дека Деловникот за работа на Собранието е многу јасен и прецизен и оти согласно член 80, став 2 на Деловникот претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор и посочи дека не можат да спрчат да се дискутира за намерите за воведување двојазичност, промена на банкнотите, униформите, знамето, грбот и химната,...

- Ова не може да биде прекршено под ниту едни услови. Ова не смее да биде прекршено поради нечија политичка желба или намера на било кој пратеник. Секој обид  на СДС во иднина на ваков, сличен или уште подрзок начин да направат насилство врз Собранието за да им се оневозможи на пратенците да говорат не може да донесе ништо добро. Ние упатуваме апел никој да не се обидува да применува ниту политичко, ниту ефективно насилство во работата на Собранието, да се смири нервозата и да дозволи процедурите да си течат така како што досега секогаш во согласност со Деловникот на Собранието на Република Македонија течеле, порача Данев. 

 

 

 

07.04.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега