Ахмети две недели ќе престојува во САД
Делегација на ДУИ на чело со лидерот Али Ахмети, од 4. мај ќе престојува во двонеделна посета на САД, објавува „Дневник".
Делегацијата на ДУИ ќе ги посети Вашингтон, Њујорк и во Чикаго, каде е предвидено Ахмети да оствари средби со претставници на државната администрација на САД, конгресмени, бизнис-лоби како и со албанската дијаспора.
Дел од делегацијата која заминува за САД освен Ахмети, се вицепремиерот Муса Џафери, потпретседателот на партијата, Изет Меџити и Изет Меџити, градоначалникот на Kичево.
Според "Дневник", во ДУИ не кријат дека централна тема која ќе доминира на средбите на Ахемти со претставници на државната администрација на САД, е токму прашањето за името.
ФОТО: Кичево.мк