Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација

 

Денеска Комисијата за заштита од дискриминација ќе ги презентира наодите од нејзиниот Годишен извештај за 2012 година.

Од Комисијата информираат дека Извештајот содржи разработка и анализа на конкретни статистички податоци, на предизвиците со кои Комисијата се соочува, како и приказ на приоритетите за во иднина. Извештајот за работата на Комисијата содржи и информации за преземените мерки и активности за намалување на дискриминацијата, како и зголемување на нивото на флексибилност од страна на одговорните лица во контекст со создавање отворено и толерантно општество, врз основа на почитување на еднаквоста, слободата и основните човекови права на секоја индивидуа.

Во текот на 2012 година, како што се наведува, до Комисијата се доставени 75 претставки. Согласно поднесените претставки од Комисијата заклучуваат дека најмногу се чувствува дискриминација во областа на работата и работните односи, социјалната сигурност, пристапот до добра и услуги, образование, наука и спорт, јавното информирање и медиуми, како и други области определни со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

најчитано сега