Илиевски: Гечевски е последниот дел од мозаикот кој недостастуваше на тимот за престојното ЕП
Еден од најдобрите кошаркари на македонската репрезентација Владо Илиевски со големо задоволство говореше за враќањето на Тодор Гечевски во тимот, најавувајќи дека со него Македонија ќе биде многу посилна на престојното ЕП кое што ќе се одржи во Словенија. Илиевски надополни дека ќе направат се за во Словенија уште еднаш ја израдуваат Македонија. Гечевски според Илиевски бил последниот дел од мозаикот кој и недостастувал на репрезентацијата во пресрет на мечевите од ЕП кое ќе се одржи следниот месец.
-Сега со приклучувањето на Тоше Гечевски го добивме оној последен дел од мозаикот кој што го чини нашата репрезентација. Јас лично сум среќен и задоволен што сум дел од оваа репрезентација и мислам дека сето она што не красеше и што го имавме во последните неколку години и оваа година е на исто ниво. Се надевам дека ќе останеме здрави до почетокот на ЕП и не се сомневам дека ќе дадеме се од себе и дека ќе го оставиме срцето на паркет уште еднаш да ја израдуваме Македонија, вели Владо Илиевски.
На ЕП во Словенија Македонија ќе го брани историското четврто место кое го освои на последниот континентален собир одржан пред две години во Литванија.