Ахмети:ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се приближат

Политичката криза треба да се реши со помош на политички средства и демократски принципи со што ќе се овозможи функционирање на државата, порача во вторник претседателот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во Собранието на Република Македонија.

Ахмети побара од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како одговорни за ситуацијата, да ги приближат своите ставови и да отворат пат за излез од кризата.

Според лидерот на ДУИ, на средбата со Хан не станало збор за воведување на евентуални санкции против некои политичари, туку се разговарало за мирен трансфер на власта.

 

 

 

21.03.2017 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега