ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на народот не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност

Волјата на мнозинството Македонци не смее да биде игнорирана. Тие гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Драган Данев.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал, фатен како бара пари во случајот „Поткуп“, фатен во случајот „Пуч“, замешан во криминалот со „Цареви кули“ и замешан со сериозни изборни криминали со цел лажирање на изборите.

Зоран Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање Влада по нотите од Тирана.

Зоран Заев затоа замижува и го одобрува однесувањето на Зијадин Села кој бара менување на знамето и химната, го негира постоењето на македонскиот народ и најавува бркање од работа на Македонците.

Заев соочен со своите и криминалите на своите соработници одработува туѓи агенди на штета на Македонија.

Целта за растурање на Македонија не е нова, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во криминалецот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон.

Последиците по однос на државата од реализирање на Тиранската Платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска Влада на СДСМ и да гласа се од програмата на СДСМ, само СДСМ да се откаже од Тиранската Платформа.

Доколку Зоран Заев сепак е спремен на се, само да ја реализира платформата од Тирана, нека излезе со неа како своја изборна програма на избори пред граѓаните за народот да му каже што мисли.

 

 

 

20.03.2017 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега