Хакерите повторно израдуваа илјадници мажи: Објавени се голи фотки од нови две млади актерки

 

Веќе подолго време медиумите шпекулираат за објавени експлицитни фотографии на актерката Ема Ватсон (26). Денеска нејзиниот портпарол потврди дека на фотографиите навистина е младата актерка, но дека фотографиите не се експлицитни.

- Украдени се фотографии од Ема од проба на костими која ја имала пред неколку години со својот стилист. Таа не е гола на нив. Адвокатите имаат добиено понатамошни инструкции - стои во соопштението на портпаролот на ѕвездата од филмовите за Хари Потер.

Многу корисници на Твитер и Редит тврдат дека ги виделе фотографиите на актерката на една мрежа за размена на податоци на која преовладува илегална и експлицитна содржина без никаква идентификација. Корисниците на Редит додале дека покрај фотографиите на Ема, протекле фотографии и од нејзината колешка Аманда Сејфрид (31).

timthumb

За разлика од оние на Ема, фотографиите на Аманда се далеку поексплицитни, а на нив актерката споделувала интимни моменти со нејзиното момче.

Нејзините адвокати веќе одлучиле да ја тужат страницата на која се појавиле споменатите фотографии.

Како и да е, тие не се единствените кои се нашле во оваа незавидна положба. Во ист скандал со разголени фотографии се најдоа и Емили Ратајковски, Џенифер Лоренс, Амбер Хрд, Мила Кунис, Кејти Пери, Шарлиз Терон и други славни дами.

 

 

 

17.03.2017 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега