Фејсбук најави нови опции за корисниците
Фејсбук најави нова алатка за превенција на самоубиства, вклучувајќи и нова опција со која корисниците ќе можат да пријават лица кои статуси или пак преку пренос во живо (Фејсбук лајв) се закануваат дека ќе си го одземат животот.
Тоа ќе функционира така што неговите пријатели кои ќе го забележат неговото необично однесување, ќе можат веднаш да го пријават до Фејсбук, а оттаму со итна дојава до надлежните органи да се обидат навреме да го спречат самоубиството.
Во опциите за пријава ќе стои и телефонски број за итна помош при вакви случаи.
02.03.2017 - 15:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа