Направете си посни палачинки кои се исто така вкусни како и мрсните

 

Поради постите кои претходат на големиот христијански празник  Велигден, ви нудиме рецепт за посни палалинки, лои се исто така вкусни како и мрсните

Состојки:

  • 1 л топла вода
  • 500 гр брашно
  • 1,5 лажици шеќер
  • 8 лажици масло
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 1,5 лажички сода бикарбона
  • малку сол

Начин на подготовка:

Во брашното измешајте ги состојките, па додајте вода. Сè измешајте рачно со жиза за матење и печете ги палачинките во тефлонска тава. Пред печење на секоја палачинка ставете капка-две масло.

Напомена: Од оваа мера се добиваат околу 20 палачинки, зависно од тоа колку тесто ставате. Може да се случи да бидат малку крути по печењето, но сè што треба да направите е да ги оставите да отстојат 15 минути, па фино ќе омекнат. 

Извор:SKY.mk

 

 

 

02.03.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега