Капитенот оди во Франција: Кире Лазаров потпиша за Нант
Капитенот на македонската ракометна репрезентација од следната година ќе настапува за француски Нант. Второпласираниот тим од Франција потпиша двегодишен договор со Кире Лазаров.
Нант најавува дека во следната сезона влегува со големи амбиции.
Најдобриот стрелец на Македонија, за Барселона настапува од 2013 година, а претходно беше член на екипите на Веспрем, Загреб, Сиудад Реал, Алетико Мадрид и Пелистер.
Претседателот на Нант, Гаел Пелетие е пресреќен што тимот доби големо засилување.
„По големите имиња како Клајн, Гурбиндо и Њокас, денеска Кирил Лазаров доаѓа кај 'Х' на две сезони. Тој е еден од најголемите ракометари на светот. Нема други зборови да се опише неговата ефикасност во нападот. Со неговото доаѓање се покажува желбата на ХБЦ Нант да расне како тим и да добие сила на европска сцена", вели Пелетие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа