ФОТО: Питбул прими куршум за да го спаси животот на сопственикот

 

Ова куче дефинитивно ќе ви го промени мислењето дека пит бул кучињата се агресивни и опасни. Имено, кучката Лефти завршила во ветеринарна клиника со прострелна рана, откако го спасила животот на својот сопственик.

Во куќата на нејзиниот сопственик влегле четворица крадци вооружени со пиштол, а во еден момент едниот од нив пукал, а кучката застанала пред сопственикот за да му го спаси животот.

Поради повредата со која се здобила, на Лефти треба да и биде ампутирана ногата, но семејството бидејќи е ограбено нема пари за операцијата. Затоа и се огласиле на социјалната мрежа Фејсбук каде побарале помош за своето кученце, а нивната објава е прегледана преку 4000 пати. За само еден ден се собрани 75 посто од средствата за кучката да биде оперирана.

Лефти е успешно оперирана, а на Фејсбук се појави и нејзина фотографија, додека таа се шета во дворот.

 

15:12

најчитано сега