ССМ: Ги поддржуваме активностите во државата за подобра состојба на младите

 

 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Секцијата на млади (СМ) при ССМ ги подржуваат сите активности во државата за остварување и подобрување на социјалната и материјалната состојба на младите и остварување на нивната функција во општеството.

Денеска, по повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август, од ССМ и СМ информираа дека континуирано се фокусирани на спроведување на Националниот акциски план за вработување на млади 2015 година. Синдикатот се вклучува во процесите кои овозможуваат активна  партиципација на младите луѓе во сите сфери на општеството и ги поддржуваат активностите поврзани со положбата на младите луѓе на меѓународен план и нивна интеграција.

- Сојузот на синдикатите презема конкретни активности и мерки  преку почнување информативни предавања, кампањи и обуки за запознавање на младите лица со нивните права од работен однос  и нивно остварување. ССМ и СМ се е залагаат за размена на мислења и информации и постигнување на согласност околу важни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа и особено прашањето за подобрување на вештините за вработување на младите, наведува Синдикатот.

ССМ ги охрабрува сите млади кои не се вклучени во синдикалното движење тоа да го сторат и да се зачленат со што, преку синдикатите, здружени, активно ќе учествуваат во остварувањето на синдикалните права и слободи.

најчитано сега