Кои Македонци се пријавиле да отпатуваат на Марс и да не се вратат?

 

Повеќе од 100.000 луѓе од цел свет, се пријавиле за да патуваат на МАрс во еден правец, објавиле организаторите на мисијата, пренесува црногорскиот весник „Вијести“.

Приватниот проект „Mars One“ со седиште во Холандија, предлага за две години да биде објавена листата со 40 потенцијални астронаути, од кои четворица ќе поминат 8-годишна обука и ќе заминат на Марс. Ниеден од нив нема да се врати на Земјата. 

 

CNN потсети дека бројни експерти ја ставија под знак прашалник практичната и финансиската изводливост на мисијата, но, тоа не ги спречи луѓето да се пријавуваат, вклучувајќи и 30.000 Американци.

 

најчитано сега