Мртва Бугарка пронајдена во апартман во Струга

 

Мртва бугарска туристка вечерва е пронајдена во апартман во Струга. Како што дознава Press24 од неофицијални извори во полицијата, станува збор за жена на возраст меѓу 50 и 60 години. Телото на жената го пронашол сопственикот на апартманот во кој престојувала. Според првичните и неофицијални информации, на нејзиното тело не биле пронајдени траги на насилство. 
Информацијата се уште нема официјална потврда од МВР.

10.08.2013 - 23:24

најчитано сега