Оливер Андонов: Пржинската влада треба да биде пример како не се решева политичка криза

 

Универзитетскиот професор Оливер Андонов во интервју за Пресс24, говори за политичката криза, изборите во Македонија и оговорот од Пржино.

Тоа што се случуваше со Пржинската влада  е преседан и треба да остане во историјата како еден крајно негативен пример на решавање на политичка криза и еклатантен упад во системот. Вака, Оливер Андонов, кој ја вршеше функцијата на дополнителен заменик министер за внатрешни работи во периодот пред и за време на изборите, го оценува пржинското решение, кое беше дел од договорот меѓу партиите. Андонов во интервју за Прес24, вели дека целта на СДСМ преку Оливер Спасовски единствено била да го користи МВР за свои партиски цели во изборната кампања.

- Тоа беше исклучително тежок период и тврдам дека  тоа е ненормален начин на функционирањена МВР како многу важна институција за безбедноста на Македонија. Ова што се случуваше со Пржинската влада  е преседан и мислам дека треба да остане во историјата како еден крајно негативен пример на решавање на политичка криза и еклатантен упад во системот. Впрочем работата на МВР беше отежната и под силен политички притисок врз вработените од страна на Спасовски и со големи злоупотреби на функцијата од негова страна имод страна на раководителите кои ги постави пред се противзаконито. Сепак, сакам јавно да се заблагодарам на сите припадници ан МВР кои и во вака тешки услови за работа професионално и патриотски си ја завршија работата и обезбедија мирни и демократски избори и безбедност за сите граѓани, вели Андонов во интервјуто за Прес24.

Тој смета дека за Македонија најдобра солуција, ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не формираат влада, е да се оди на нови избори.

-Најдобра варијанта и според Уставот на Република Македонија и според распоредот на политичките сили во случај на несоздавање влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е повторување на парламентарните избори за 6 месеци или во Јуни. Дотогаш да се направи договор само за привремена влада која ќе ги спроведе изборите без било какви други овластувања. Потребно да го имаме во вид и однесувањето на СДСМ, кој наводно молчи и чека, а всушност на сите начини преку своите медиумски гласноговорници се обидува да укаже дека не го интересираат националните и државни интереси и дека е подготвен се да даде, дури и државноста само да се добере до власт, вели Андонов.

Тој во интервјуто ја анализира и политичката ситуација по изборот на Трамп за претседател на САД, посочувајќи дека  не верува дека САД ќе се откажат од своите интереси на Балканот.

-Според онаа што го најави Трамп можеме да забележиме дека ќе има разлика во настапот, а тоа е поголемата примена на таканаречената „мека сила„ или soft power во настапувањето на САД. На овој начин мислам дека САД сакаат дел од одговорностите да префрлат врз Европската Унија, бидејќи сепак овој дел од Европа е во европскиот безбедносен простор. За жал руската политика и геостратегија на Блаканот никогаш не била наклонета кон Макеоднија. Тоа во историјата е видливо и во периодот пред и за време на Илинденско-Преображенското востание и активностите на рускиот конзул во Цариград, Зиновјев. Потоа тоа е видливо во однесувањето на царска Русија по прашањето на Православната Црква во Македонија и поддршката за поставување на Фирмилјан  како српбски епископ во Скопје, Потоа следуваат настаните од 1908 година поврзани со Миртцершките реформи каде Русија соработува со Австро-Унгарија на штета на Македонија, а тоа однесување продолжува и за време на Балканските и Првата Световна војна. Така што однесувањето на Русија кон Македонија за време на Втората Световна војна и кон макеоднското прашање не е исклучок од оваа повеќе од еден век практика на руската надворешна политика кон Блакнаот. Токму поучени од оваа однесување потребно е да се биде внимателен во односите и „понудите“ на Русија кон Македонија, вели Оливер Андонов во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Долгоочекуваниот 20 јануари се случи. Трамп стана американски претседател, но според првичните најави дека неговиот фокус ќе бидат САД и пишувањата на медиумите во Европа дека Балканот ќе биде вон негов интерес, сега се појавува една нова неизвесност, а тоа е оставањето влијанието врз овој дел од Европа да го има Русија... Како Вие гледате на улогата на новата администрација на САД врз иднината на Балканот?

АНДОНОВ: Медиумските анализи не секогаш се точни.  Надворешната политика на САД секогаш била силно поврзана со внатрешната, а особено во последните години таа настапувајќи од позицијата на униполаризмот е заинтересирана за секоја точка на планетата, особено  онаму каде што САД имаат интерес, а Балканот е една од стратешките точки на кои САД имаат интерес, Едноставно, не верувам дека САД ќе се откажат од своите интереси на Балканот, а според онаа што го најави Трамп можеме да забележиме дека ќе има разлика во настапот, а тоа е поголемата примена на таканаречената „мека сила„ или soft power во настапувањето на САД. На овој начин мислам дека САД сакаат дел од одговорностите да префрлат врз Европската Унија, бидејќи сепак овој дел од Европа е во европскиот безбедносен простор. Во овој контекст е веројатно и намалувањето на тензиите со Русија и веројатно ќе следува обид за нов детант по подигањето на тензиите што го направи администрацијата на Обама.

ПРЕС24: Можно ли е евентуално засилено руско влијание на овој простор да предизвика нови конфликти?

АНДОНОВ: Мислам дека Русија ќе се обиде да има засилено влијание врз Балканот, впрочем тоа од секогаш и била политика на Русија да има влијание врз Балканот, но ескалацијата на постојните конфликтни процеси никогаш не се исклучива, особено во последно време имајќи во вид дека досегашната политика на дел од американската администрација поддржана од Сорос намерно ескалираше дел  од латентните конфликтни процеси на Балканот. Во овој контекст неминовно е и уривањето на влади во регионот кое беше тенденција последниве години како извор на конфликти и нестабилност, а за што со релаксацијата на односите помеѓу Русија и САД може да се очекува балансирање на состојбите. Ова балансирање не би требало да ја поттикне Русија кон агресивно однесување односно агресивен продор на Балканот.

ПРЕС24: Ако се суди и според објавените документи на ЦИА од периодот по втората светска војна, кои сега станаа атрактивни, тогаш може да се заклучи дека руската надворешна политика не била наклонета кон македонското прашање? Зошто денес би била поинаку?

АНДОНОВ: За жал руската политика и геостратегија на Блаканот никогаш не била наклонета кон Макеоднија. Тоа во историјата е видливо и во периодот пред и за време на Илинденско-Преображенското востание и активностите на рускиот конзул во Цариград, Зиновјев. Потоа тоа е видливо во однесувањето на царска Русија по прашањето на Православната Црква во Македонија и поддршката за поставување на Фирмилјан  како српбски епископ во Скопје, Потоа следуваат настаните од 1908 година поврзани со Миртцершките реформи каде Русија соработува со Австро-Унгарија на штета на Македонија, а тоа однесување продолжува и за време на Балканските и Првата Световна војна. Така што однесувањето на Русија кон Македонија за време на Втората Световна војна и кон макеоднското прашање не е исклучок од оваа повеќе од еден век практика на руската надворешна политика кон Блакнаот. Токму поучени од оваа однесување потребно е да се биде внимателен во односите и „понудите“ на Русија кон Македонија. Единствената разлика денес е во тоа што во минатото Македонија не била државно-правен субјект на меѓународната сцена, а денес е како држава присутна во меѓународните односи со полна суверенсот над својата териотрија. Од тука очекувам и промена во однос на Русија кон македонското прашање и Република Македонија иако не треба да очекуваме премногу и тоа би требале да го сведеме на ниво на интензивирање на економската и другите видови на билатерална соработка, но со наша јасна евро-атлантска ориентација. Сепак ние не сме држава која на Балканот е од клучно значение за Русија која има свои историски и веќе восподтавени и зацврстени односи и структури во Србија пред се, а потоа и во Бугарија и Грција.

ПРЕС24: Како Вие ги коментирате овие документи на ЦИА.  Тие даваат едно друго светло на балканската историја, особено ја расчистуваат маглата што комунистичките власти ја имаа поставено врз улогата на историското ВМРО?

АНДОНОВ: Веќе кажав дека во однос на Русија и нејзината надворешна политика всушност интерес била Југославија и нејзината комунистичка власт. Македонија и македонското прашање биле само проблем за остварување на империјалните геополитички интереси на тогашниот СССР за контрола на Источна Европа и комунистичкиот блок, а согласно договорот од Јалта за сферите на влијание. Во овој контекст е и сеењето на магла кое комунистичките власти го направија во Македонија, а со единствена цел елиминирање на ВМРО како свест за посебноста на Македонците и нивниот идентитет. Ова е правено заради вклопување во глобалните интереси на Југославија и комунистичкото раководство согласно директивите на Информбирото и СССР.

ПРЕС24: Оваа недела истекува рокот за состав на влада. Мандатарот Груевски во последното интервју најави дека од разговорите со ДУИ ќе се обиде да состави влада, но сепак засега нема детали. Како ги оценувате овие преговори?

АНДОНОВ: Пред се потребно е да имаме предвид дека  Груевски и воопшто ВМРО-ДПМНЕ излегоа со јасен став врз кои основи може и треба да се состави новата влада. Имплементирањето на некои или повеќето барања од платформата на политичките партии на Албанците од Република Македонија за ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи. Од овој аспект и нормално е што нема детали за текот на разговорите и мислам дека Груевски како мандатар до крајот ќе води стабилни разговори со ДУИ во рамките на реалните барања и потреби на албанската малцинска зедница во Република Македонија, притоа не очекувам нарушување на националните интереси на Македонија, особено на оние од животна или круцијална важност за опстанок на нацијата и државата. Потребно да го имаме во вид и однесувањето на СДСМ, кој наводно молчи и чека, а всушност на сите начини преку своите медиумски гласноговорници се обидува да укаже дека не го интересираат националните и државни интереси и дека е подготвен се да даде, дури и државноста само да се добере до власт. Токму во оваа точка и се прекршуваат преговорите и истите од страна на Груевски се водат врз основ на квалитет и реални потреби на граѓаните и затоа и нема детали во јавноста.

ПРЕС24: Кои се можните варијанти, ако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не состават влада?

АНДОНОВ: Доколку победникот во Македонскиот политички блок и во Албанскиот политички блок не состават влада, односно не добиеме стабилна политичка влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, тогаш секако постои можност од создавање на влада од страна на СДСМ со сите или дел од политичките партии на Албанците во Македонија. Но, таа влада би морала да ги вклучи ДУИ, а особено е важно доколку дојде до такво нешто пред гласањето за оваа антидржавна влада, граѓаните јавно да може да ја видат нејзината програма и што тоа е предвидено да даде Заев на штета на националните и државните интереси.

Најдобра варијанта и според Уставот на Република Македонија и според распоредот на политичките сили во случај на несоздавање влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е повторување на парламентарните избори за 6 месеци или во Јуни. Дотогаш да се направи договор само за привремена влада која ќе ги спроведе изборите без било какви други овластувања.

Ризикот од оваа состојба во која се наоѓаме е продолжувањето на кризата. Но, подобро е да продолжи оваа недефинирансот уште шест месеци отколку да се нанесат непоправливи штети врз националните и државните интереси на Макеоднија и нејзините граѓани.

ПРЕС24: Албанските политички партии по изборите, веројатно мотивирани од тесниот изборен резултат меѓу македонските партии, излегоа со една платформа која ја нарекоа основа за создавање влада. Дали таа платформа може да биде вовед во нова политичка криза?

АНДОНОВ: Како што веќе реков, оваа платформа само ги зголеми апетитите на политичките партии на Албанците во Македонија, но и ги разбуди апетитите на Албанија и Косово и доколку на тоа го додадеме основниот придвижувач на целата оваа состојба, а тоа е Заев со неговите ветувања и анти државни политики кој всушност го подигна прагот на политичките барања на Албанското малцинство во Македонија, тогаш несомнено е дека оваа платформа само ја продолжува и засилува кризата со нови елементи. Излезот е видлив најповеќе во нови избори каде што македонските граѓани поучени од оваа искуство ќе можат да дадат свој суд за иднината на Македонија  и завршување на политичката криза. Секако, постои можност за избегнување на оваа продолжување со нови елементи на политичката криза доколку ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ состават влада на здрави основи надвор од барањата во платформата.

ПРЕС24: Вие бевте дополнителен заменик министер за време на изборниот процес, од сегашен аспект како го оценувате ваквото функционирање на МВР?

АНДОНОВ: Тоа беше исклучително тежок период и тврдам дека  тоа е ненормален начин на функционирањена МВР како многу важна институција за безбедноста на Македонија. Ова што се случуваше со Пржинската влада  е преседан и мислам дека треба да остане во историјата како еден крајно негативен пример на решавање на политичка криза и еклатантен упад во системот. Впрочем работата на МВР беше отежната и под силен политички притисок врз вработените од страна на Спасовски и со големи злоупотреби на функцијата од негова страна имод страна на раководителите кои ги постави пред се противзаконито.

Сепак, сакам јавно да се заблагодарам на сите припадници ан МВР кои и во вака тешки услови за работа професионално и патриотски си ја завршија работата и обезбедија мирни и демократски избори и безбедност за сите граѓани.

ПРЕС24: Со какви се ситуации се соочувавте?

АНДОНОВ: Најмногу со противзаконито работење на Спасовски и раководителите поставени од него во противзаконите постапка, потоа со своеволно ангажирање на некои полициски единици за потребите на СЈО, активности на луѓе од кабинетот на Спасовски во предизборниот и во тек на самиот изборен ден или прекршување на изборниот процес. Потоа следуваше игнорирањето од страна на Спасовски во врска со сите активности на МВР, навистина мислам дека последните месец и половина пред изборите и воопшто не комунициравме со Спасовски кој ги избегнуваше сите обиди за заедничко и рамноправно раководење со министерството како што предвидуваше Законот за влада. Воглавно имаше комбинација на различни наметнати ситуации кои влијае врз нормалното работење на МВР, но мора повторно да напоменам дека и во вакви услови во кои Спасовски се интересираше само за политичките бенефити за него и СДСМ, полицијата си ја работеше работата при што се запленија големи количини на дрога и беше спречен голем број на криминали.

ПРЕС24: Имаше ли каква било координација со тогашниот министер Спасовски?

АНДОНОВ: На почетокот се обидов да воспоставам нормална соработка на лично ниво и на ниво на кабинети за сите прашања во врска со раководењето ан министерството и негово нормално функционирање. За жал, по упорните обиди на Спасовски да ме убеди да потпишам противзаконити решенија за поставување на раководни лица според неговите мерила на што јас се спротивставив престана дури и нормалната комуникација. Едноставно Спасовски избегнуваше да комуницира со мене и тргна по патот на своеволно и противзаконито работење во МВР. Можам да констатирам дека во основа немаше никаква координација и соработка и тоа благодарејќи на однесувањето и одлуката на Спасовски.

ПРЕС24: Дали СДСМ преку Спасовски го користеше МВР за партиски потреби?

АНДОНОВ: Апсолутно, целта на доаѓањето на Спасовски во ;МВР и противзаконитото поставување на раководни позиции лица од партискиот список на СДСМ беше во насока да се создадат услови за злоупотреба на МВР и неговта институционална моќ за партиски и изборни интереси на СДСМ.

СДСМ со цел остварување на своите партиски интереси преку Спасовски одеше дотаму што во МВР ги смнеи сите комисии, особено оние за кариера и дисциплинска одговорност, а со единствена цел да врши координиран притисок врз вработените во МВР да мора да ги извршуваат дури и противзаконитите наредби на Спасовски под закана дека и без да направат прекршок на дисциплината ќе бидат деградирани или повикани на одговорност.

ПРЕС24: Што понатаму, дали ќе ја продолжите кариерата како политичар, или пак останувате во науката?

АНДОНОВ: Јас и немав намера  и не размислувам да градам политичка кариера. Мојот ангажман како министер и дополнителен заменик министер во МВР беше на предлог на ВМРО-ДПМНЕ но како експерт во областа на одбраната и безбедноста со единствена цел, да помогнам во функционирањето на МВР за потребите на спроведување на изборите. По завршување на мандатот јас се вратив кон моите секојдневни академски обврски и секако дека никогаш нема да се откажам од науката и академската средина. Преку науката и професорската дејност сакам да дадам научен придонес за подобрување на состојбите во општетството. Доколку мандатарот Груевски при формирање на владата или во некои од ешелоните има повторно потреба од мој ангажман како професионална и стручна помош во раководењето на некои ресор или служба блиски до мојата научна област јас ќе одоговорам на поканата. Сепак, јас не сум професинален политичар туку универзитетски професор и експерт во полето на одбраната и безбедноста и моите знаења научни и стручни секогаш ќе ги ставам на располагање за потребите на Република Македонија. Како дел од академската јавност на Македонија, несомнено дека ме интересира политиката и политичките и безбедносни збиднувања во Република Македонија и ризиците и заканите врз нејзината и безбедноста на граѓаните. Низ призмата на согледувањето на сите овие збиднувања низ научен аспект несомнено се доаѓа до квалитетни проценки и анализи за идните загрозувања, а кои може и треба да се применат во пракса. Токму тоа е поврзаноста на науката со општетсвото и неговите потреби. Моите блиски ставови со политиките на ВМРО-ДПМНЕ во чии рамки е токму и поддршката на развојот на образованието и науката со цел стекнување на знаења во Македонија има директна врска со креирањето на безбедносната политика и донесувањето одлуки на сите нивоа. Одтука и напоменав дека останувам во науката, но тоа не е во спротивност со служењето на државата и на нејзините интереси и интересите на граѓаните преку соодветен експертски ангажман во политиката.

 

 

 

 
 
24.01.2017 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега