Јанкуловска: Безбедносните служби одлично си ја вршат работата - безбедносната состојба во Македонија е стабилна

 

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, посочи дека управата за безбедност и контраразузнавање  како и безбедносните служби на Македонија, се во извонредна кондиција и одлично ја извршуваат својата работа.

- Во овој момент можам само да повторам, односно да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а службите надлежни за државната безбедност ја работат својата работа, подвлече Јанкулоска при посетата на охридската Капетанија, каде ја придружуваше и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во врска со одбележувањето на граничната линија на Охридското Езеро, министерката информира дека тоа е во примарна надлежност на МНР, но во тимот партиципира и МВР. - Ние секогаш сме во редот на оние иницијатори и промотори на потребата од јасно дефинирање на граничната линија, бидејќи тоа не само што помага во нашата примарна работа, надзор на државната граница, туку помага и во делот на дефинирање на територијата на случување одредени кривични дела или прекршоци оттаму што кога границата не е јасно одбеклежана понекогаш се соочуваме и со проблем, бидејќи лицето кое прави прекршок тврди дека се наоѓа на онаа страна на која смета дека повеќе му одговара. Во таа насока, ќе продолжиме со, ако може така да се каже, нашиот притисок овој процес да се заврши што е можно поскоро, истакна министерката Јанкулоска.

14:21

најчитано сега