Ќе никне ново училиште во Штип

 

Во Штип во селото Шашаварлија започна да се гради ново училиште, бидејќи стариот објект не може веќе да се реконструира.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев,вели дека штипјани ќе добијат ново училиште за два месеци:  - Убеден сум дека децата ќе добијат добри услови за школување и ќе бидат мотивирани школувањето да го продолжат и на други места, изјави Захариев, пренесе Курир.

Инаку, моментално во училиштето има  9 ученика, но во наредните години очекува зголемување на бројот на ученици.

Жителите на селото се задоволни што ќе добијат нова училишна зграда.

Проектот е финансиран од турската агенција ТИКА и турската Влада, а ќе чини околу 45.000 евра.

ФОТО: Сител

12:45

најчитано сега