О Нил: Влез на Македонија во ЕУ и НАТО за постабилен Балкан
Македонија денес, 100 години по Договорот од Букурешт, е во подобра состојба отколку што некогаш била досега. Единствено проблем е попречувањето на патот на земјата за членство во Европската унија и во НАТО, од страна на Грција со што се оневозможува Македонија да го заземе местото во заедницата на европските народи, оценува првиот медиатор во грчко-македонскиот спор Робин О Нил.
- Како пријател на Македонија и набљудувач на земјата повеќе од 20 години, јас би рекол дека Македонија денес, 100 години по Договорот од Букурешт, е во подобра состојба отколку што некогаш била досега - освен во еден поглед. Договорот од Букурешт фиксираше граници за овој дел од Балканскиот регион кој, освен со некои мали корекции, остануваат непроменети до денес. Тој, исто така го означи крајот на војните помеѓу засегнатите држави, Грција, Бугарија, Србите (и денес Македонија) и Турција. Особено по 1919 постоеле движења на населението што резултирало со похомогена заедница во секоја држава. Во последниве години се склучени меѓународни договори помеѓу Македонија и Грција како и Бугарија, во кои двете страни се согласуваат дека тие немаат територијални претензии кон другата страна и дека ќе одржуваат добрососедски односи помеѓу нив, изјави првиот медиатор во грчко-македонскиот спор О Нил во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
Тој појаснува дека сето ова се сведува на импресивна стабилност во регионот на јужен Балкан.
- Оваа стабилност и растечкиот просперитет на засегнатите земји ќе биде зајакнат, откако тие ќе станат членки на Европската унија. И тоа, се разбира, нагласува еден важен фактор што го попречува патот, постојаната кампања од страна на Грција да го попречи влезот на Македонија во Европската унија и во НАТО, а со тоа и местото во пошироката заедница на европските народи. Оваа политика од страна на Грција е во спротивност со целта на Договорот од Букурешт што требаше да ги реши старите историски несогласувања и да донесе стабилност во регионот, истакнува О Нил.
- Таа е независна, и единствена од федералните држави од поранешна Југославија кои станаа независни во раните 1990-ти, што тоа го стори без борби и без насилство. Тоа е енергична парламентарна демократија, која покажа повеќе од еднаш дека може да донесе промени во владејачката партија по мирен пат и парламентарна демократија каде што, иако постојат политички партии што претставуваат различни етнички групи, овие партии, исто така, работат заедно, во одредени моменти и во коалиција, за доброто на целата нација, додава тој.
Британскиот амбасадор вели „се разбира дека постојат економски проблеми кои произлегуваат од независноста“. Некои од овие се од географски аспект. Македонија е континентална земја. На Македонија и се потребни подобри транспортни врски со остатокот од Европа, и овој проблем е зголемен поради политиките на некои од соседните држави, што вели, е дополнителна причина зошто на Македонија сега треба да и се дозволи целосно да го заземе своето место во Европа. - Јас би рекол дека економскиот развој, економскиот раст, е најважниот предизвик со кој се соочува секоја македонска влада во овој период, вели О Нил.
Коментирајќи го предвидувањето на угледиот Економист со анализата околу можното исчезнување на македонскиот род од картата на народоите во блиско време, медиаторот О Нил со став..„ Отсекогаш таквите предвидувања ми се сомнителни. Овие чисто статистички предвидувања ги игнорираат ефектите што ги имаат растечкиот просперитет, медицинските достигнувања и изборот што луѓето самите го имаат во однос на големината на семејството. Не можам да кажам што ќе се случи со Македонија за 300 години, меѓутоа, убеден сум дека таа има одлична иднина во наредните 30 години, а тоа е нешто што им го посакувам на сите луѓе во Републиката, истакна амбасадорот Робин О Нил.
ФОТО: Ерепортер