СДСМ: Коце Трајановски работи недомаќински
Продолжува недомаќинското работење на градоначалникот Коце Трајановски.
Продолжува газењето на волјата на граѓаните на Центар кои недвосмислено се изјаснија против Скопје 2014 на локалните избори оваа година.
Деновиве сме сведоци на јавен оглас објавен од страна на Град Скопје за фонтана, лоцирана веднаш до фонтана на т.н. Воин на коњ. Оваа фонтана до фонтаната не е јасно колку пари ќе чини, но секако значително ќе го олесни буџетот на Град Скопје.
СДСМ смета дека овие средства можат многу попродуктивно да се искористат во ова време на криза во интерес на граѓаните на градот.
Во зависност од големината на инвестицијата предлагаме овие финансиски средства наместо за фонтаната до фонтаната, да се искористат за еден од следните проекти:
1.
Изградба на средно училиште на територијата на општина Аеродром, во соработка со општината.
2.
Изградба на нов мост на територијата на општина Ѓорче Петров.
3.
Изградба на фекална канализација во населбата Градинар, на територијата на општина Кисела Вода.
Се надеваме дека градоначалникот Трајановски најдобронамерно ќе ги земе во предвид овие наши предлози и ќе ја прекине постапката за изградба на фонтана до фонтаната.
На крај дозволете да го предвидиме одговорот на ВМРО ДПМНЕ. Тие ќе зборуваат за транзиција, шлепери, турското ропство, француската револуција, за минатото. Ние зборуваме за проблемите на граѓаните денес и како да изградиме подобро утре.
(Интегрален текст од прес конференција на Дамјан Манчевски, Потпретседател на СДСМ)