Хуманите граѓани масовно помагаат преку акцијата „Се грижиме за топол дом“

 

Граѓаните масовно ја покажуваат својата хуманост преку акцијата „Се грижиме за топол дом“ на Министерството за труд и социјална политика која се одвива според принципот „Прв јавен, прв услужен“.

Бизнисменот  Пане Темов, кој денеска  донираше брачен кревет на социјално семејство, истакна дека ова е прва работа што ја донира и планира во иднина да продолжи да  подарува дел од покуќнината што не ја користи.
 
-Акцијата на Министерството за труд и социјална политика е многу хумана и ги повикувам моите сограѓани да донираат  покуќнина, мебел и останати средства за социјалните семејства што имаат потреба од тоа, изјави Темов.

Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во  Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита.

Донираната покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго треба да бидат функционални и употребливи и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита.

Граѓаните кои сакаат да донираат ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800 и на е-маил [email protected].

Социјално загрозените лица кои ќе примат одредена донација нема да може да бидат услужени со иста таква во наредните три години

ФОТО: МИА

најчитано сега