Кавадарци го слави верскиот празник „Света Петка“
Кавадарци денеска го слави верскиот празник Света Преподобна маченичка Параскева Римјанка, Света Петка. Света Петка се смета за заштитничка на градот Кавадарци.
Стотици верници присуствуваа на светата божествена литургија што се одржа во верскиот храм „Свети Димитрија” со која чиноначалствуваше митрополитот на Повардарската Епархија, г. Агатангел. По литургијата, верниците заедно се упатија кон новата црква која се изгради во чест на заштитничката на градот.
- Ако течат работите како досега, верувам дека за две години ќе се собериме и ќе ја осветиме црквата. Сега следува потешката, поспецифична работа. Ако сакаме убаво, нема потреба да се брзаме. Вакви културни споменици многу ретко се градат. По 150 години откако е изграден храмот „Свети Димитрија”, градиме нова црква во Кавадарци, рече владиката.
Претседателот на Иницијативниот одбор за изградба на црквата, Митко Јанчев, сопственик на „Кожувчанка” изрази задоволство од досегашниот тек на градбата. Задоволство изразија и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, како и директорот на „Фени” Никола Ризов.
Владиката Агатангел најави дека за две години ќе започне и целосна реконструкција на „Свети Димитрија”.