Професор Јерков кој е страв и трепет за студентите влезе во нивна тајна група - настана општ хаос (ФОТО)
Александар Јерков, професор на Белградскиот универзитет, директор на Универзитетската библиотека, а и вистински страв и трепет за сите студенти на Филолошкиот факултет, кои со ноќи не можат око да затворат размислувајќи како да го положат најтешкиот испит на фaкултетот, направи нешто што сите ги изненади.
Имено, на социјалните мрежи постојат голем број групи во кои студентите со заеднички сили, со размена на знаења и мислења пробуваат да го совладаат овој испит и да влезат во системот на оценување и барањата на професорот Јерков.
Многумина тврдат дека кога ќе го положат овој испит сметаат дека дипломирале.
Меѓутоа, за целата ситуација да ја направи уште поинтересна, професорот Јерков одлучил да направи Фејсбук профил и да се зачлени во една од групите, која е тајна и во која студентите едни на други си помагаат околу испитите.
Еве што им напиша тој на студентите:
Редакцијата на телеграф.рс за да се увери дека професорот Јерков е достапен за студентите и на социјалните мрежи, го побарале, на што тој им дал потврден одговор и објаснил зошто тоа го направил.
„Ќерка ми направи профил, па јас така се зачленив во една од Фејсбук групите. Не ми е цел да демнеам студентите, слушнав доста нивни приказни за мене, сакав само да им помогнам. Во таа група одговарав на прашања, давав совети како да одговараат на испитот, како да размислуваат. Не планирам да се задржувам, не ми е таму местото“, изјави професор Јерков и додаде дека неговиот испит, за кои многумина кукаат дека не можат да го положат, се совладува за 3 до 6 месеци интензивна работа.
„Кој учи и работи, нема за што да се плаши. Не им верувајте на оние кои велат дека учат повеќе од една година, а не можат да положат. Не ја говорат вистината. Ја не сакам да зборувам утре со професор по книжевност, а да не знае кои книжевни дека ги прочитал, ниту за што се работи. Овој систем на испитување ќе го применувам се додека ме служи паметот“, додава угледниот професор од Белградскиот универзитет.
Студентите биле воодушевени од неговото појавување на Фејсбук па некои оставаа коментари како им ја разубавил вечерта, а некои искористија прилика да постават прашања за испитот. Се на се настана општ хаос, сите биле возбудени што професорот направил таков потег.
А потоа професор тргна да чита што се пишувало по групата... И така ни дојде најдобриот одговор кој студентите може да го замислат.
Сега кога ги добија неговите совети да надеваме дека ќе положуваат во поголем број.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа