Билетите за пријателскиот натпревар Македонија–Литванија пуштени во продажба

 

Македонската кошаркарска федерација објави дека од денеска се пуштени во продажба билетите за пријателскиот натпревар Македонија – Литванија.

Дуелот ќе се одигра на 17. август во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот. Овој натпревар е во склоп на одбележувањето на 20 години од првиот натпревар на македонската кошаркарска репрезентација. Ова воедно ќе биде и единствениот дуел, кој нашите кошаркари ќе го одиграат на домашен терен во рамките на подготовките за Еуробаскетот во Словенија.

Според очекувањата двете репрезентации треба да се појават во најсилните состави. Влезниците ќе продаваат по цена од 150 денаари (горни трибини) и 250 денари (партер), а може да се набават на сите продажни места низ државата на МК-Тикетс и ОНЕ. 

16:40

најчитано сега