Скопјанец излегол од автобус - налетал камион и го усмртил
На магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Колари, синоќа се случи сообраќајна несреќа во која на лице место животот го загуби 39-годишниот С.А од Скопје. Во него удрило моторно возило – комбе со скопски регистарски таблички управувано од педесет и две годишен скопјанец.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувал од Скопје за Охрид и ја преминал коловозната лента на необележано место при што бил удрен од комбето.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од МВР. Дадени се Наредби за вршење на обдукција на починатиот и за сообраќајно техничко вештачење на возилото. Од првичните проверки утврдено е дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол.
Истрагата продолжува со преземање на потребните дејствија во насока на расветлување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа