Гостиварчанец прегазил четири животни додека летал со автомобилот

 

Четири диви свињи биле усмртени откако синоќа околу полноќ врз нив налетал и ги удрил автомобил „Опел астра“ со гостиварски регистерски таблици управуван од 44-годишниот М.У од гостиварска Долна Бaњица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци сообраќајната несреќа се случила во непосредна близина на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје Тетово. При тоа нема повредени во возилото во кое имало уште две лица, а причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари. 

 
 
21.11.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега