Мекејлеб ја одведе Македонија до победа против Хрватска
Македонската кошаркарска репрезентација со 78:74 ја совлада репрезентцијата на Хрватска во пријателски меч кој се одигра во Славонски Брод. Со враќањето на Мекејлеб во тимот, и добриот шу одзад линијата 6,75 македонската репрезентација беше на своето нив о и заслужено славеше против Хрватите.
Најмногу кошеви на хрватскиот состав му даде Војдан Стојановски кој постигна 18 поени. Мекејлеб запиша 16 коша, Чековски 13 од кои три троки, а Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 10 поени.
Се чини потег на мечот беше блокадата на Владимир Брчков над хрватската ѕвезда Анте Томиќ во последната минута од мечот, кога по една пресечна топка, Хрватите имаа можност да изедначат, но Брчков не го дозволи тоа
Македонија и Хрватска и утре ќе одиграат контролен меч во ЗАгреб но тој ќе биде затворен за јавноста.