Свети Николе: Се преврте трактор, еден тешко повреден

Во 08 часот и 25 минути на локалниот пат Свети Николе – село Ѓуриште на местото Бареш, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Фиат 640“ управуван од 47-годишниот Ѕ.Р. од селото Горобинци и возило „Фиат Пунто“ управувано од 57-годишниот В.Н. од Свети Николе.

Како што информираат од полицијата, тракторот се превртел на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот, 50-годишниот  И.Т. од селото Горобинци, кој со возило на Итна помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот Центар во Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полицијата.

 
 
20.11.2016 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега