Работлиница за поедноставени царински постапки

Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај денеска пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во Куманово одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки.

На работилницата се разговараше и  за олеснувањето на работењето на транспортните компании, како и за испраќање на електронски пред-декларации.

- Упрвата преку поедноставената царинска  постапка на фирмите им овозможува забрзување и олеснување на целата процедура. Оваа постапка е особена значајна за фирмите кои работат на принципот лон-систем, но и за оние кои имаат привремен увоз или извоз. За сите овие проекти што денеска ги презентиравме направена е пост-бенефит анализа со која ги пресметуваме трошоците што таа новина значи за еконосмките оператори и кои се привелигиите. Едноставно речено скратената царинска постапка овозможува забрзување на стоките, избегнување на некои  бариерии кои ги имаше порано и секако поефтинување на самата постапка, рече Димче Аџиоски, началник на Одделението за транзит и гранични формалности при Царинска управа.

Транспортните фирми веќе го користат новиот систем ТИР-ЕПД  за електонски пред-декларации кој ја забрзува целата процедура и ја олеснува работата на транспортерите во пријавувањето на стоките.

- Овој систем е наменет да им помогне на транспортерите со користење на ТИР-карнетите сами да прават влезно – излезни декларации. Од ден на ден се зголемува бројот на корисниците на пред-електорските декларации затоа што увидоа дека на овој  начин се избегнуваат шпедициите, а со нивното избегнување и долгите процедури се заштедуваат и време и пари, изјави Мартин Бочварски, стручен соработник за информатика во Амертит СИЗ Македонија сообраќај.

Од март месец годинава 30 проценти од извозот од Македонија се врши на лице место во фирмата извозник. Со оваа скратена постапка, исто така  се врши и околу 20 проценти од увозот. 

ФОТО: Кајгана

најчитано сега