Владимир Панчевски:Целта е кривичниот суд да биде скршен и некој во иднина со него да рсполага како сака
Претседателот на Осоновниот суд Скопје, еден, популарниот Кривичен Суд, Владимир Панчевски, во интервју за Прес24, оценува дека тој е жртва на организирана хајка, во која главна цел е позицијата Претседател на судот, од која потоа некој ќе испорачува посакуван исход за да го оправда работењето на новоформирани квази институции.
Скандалите кои деновиве медиумски се атрактивни и во кои неговото име е во центарот, според Панчевски се само дел од подолготрајниот притисок врз него.
-Притисокот продолжува и јасно е дека целта на нападите не е некаква дивоградба туку јас лично, особено што општината најави и експресно донесе и ново решение, кое пред да ни го достави, преку соопштение го објави со најава и повторен притисок дека е даден рок за рушење од 15 дена. Не знам по кои прописи и не знам во која постапка дали досега се случило инспекциски надзор да се врши од канцеларија, без теренска проверка и повикување на странките, како што е овој случај,и одлуки да се објавуваат преку соопштенија на општинската власт, вели Панчевски за Прес24, посочувајчи дека претисикот сега е пренасочен и на професионален план.
-Сето ова е диригирано од еден центар на моќ па затоа и сите овие случувања коинцидирааат во ист период . Интересна е и обоеноста на поддржувачите и пласирачите на вакви информации преку мој медиумски јавен линч. Целта е Кривичниот суд, позицијата претседател на Кривичниот суд, а јас лично сум жртвата во сите овие исконструирани настани. Очигледно некој смета дека може да го скрши последниот бастион на правдата и во иднина преку овој суд да располога како сака со непристрасноста и законитоста на досегашното и идно работење на судот, а со тоа да доведе до некаков посакуван исход и да ја оправда досегашната незаконитост на новоформирани квази институции, за што како суд јавно информравме, вели во интервјуто за Прес24, претседателот на Кривичниот суд.
Тој и одгововара и на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која неодамна изјави дека Панчевски не заслужува нов реизбор. Првиот човек на ОСС 1 вели дека Неделкова била главниот виновник за хаосот во кривичниот суд што тој го наследил.
-Не би потсетувал на блискоста и личните контакти на поранешната претседателка со афирмирани адвокатски канцеларии и истакнати политички личноти и личности од бизнис сферата. Не е точно дека таа ме промовирала, како што таа наведува, јас би се срамел да било тоа така, и не знам каква е таа промоција на судија и со што е пропишана. Но затоа знам за нејзините обиди за мешање и влијание во работењето на Кривичниот суд и во „промоции“ на судии во овој суд за што сведочат и таканаречените бомби, кои ни самата не ги негира. Особено се интересни промоциите на овие 15 судии кои неодамна беа објавени со скратени потписи како луѓе блиски до неа, секогша незадоволни и спремни за акција по нејзин барање. Долго време ми требаше да ја затворам црната страница на Лидија Неделкова бидејќи времето ќе покаже дека и од нејзиното менаџирање и со највисокиот суд - Врховниот суд на Р.Македонија ќе останат само празни страници во македонското правосудство, што останува без коментар, вели Владимир Панчевски – претседател на ОСС1 во интервјуто за Прес24.
ПРЕС24: Веќе извесно време Вашето име е еден од централните настани во медиумите. Се почна со објектот во центарот на Градот. За што точно станува збор и како се случи дел од објектот да биде третиран како дивоградба?
ПАНЧЕВСКИ: Се работи за прв од низата настани во исконструирана агенда за моја лична и професионална дискредитација. За овој случај неспорно е дека јас сум еден од тројцата сопственици, но пласираните инфромации дека објектот е дивоградба се целосни невистини и наведениот настан е искористен како повод за моја дискредитација како претседател на ОСС1, дека јас нешто незаконито сум стекнал сакајќи да ме прикажат мене како криминален лик иако неспорно се работи за објект од семејно наследство од 1928 година, сопственост на повеќе лица кои се мои роднини, за истиот Општина Центар издала уредни одобренија за градба кои се потпишани лично од градоначалникот. Се работи за неспорно право и вклопеност на објектот согласно донесениот Урбанистички план на оваа општина што е лесно проверливо и е непобитен аргумент дека се работи за легално изграден објект, а за кој општината издала соодветни одобренија за санација и доградба.
Тоа што е сомнително е што Општината Центар и градоначалникот преку одредени медиуми на целиот настан му даде тон на спектакуларност, а за незаконитото работње на општината потврди и второстепената комисија преку решенијата со кои се укинати одлуките на општината со флагрантни повреди на повеќе закони за што надлежноста за ваквите злоупотреби ја презеде Јавното обвинителство – Скопје. Ваков притисок каков што доживеа моето семејсто е досеган невиден во историјата на управната постапка и за што како семејство се произнесовме со повеќе соопштенија и со прес конференции за тоа како делува локалната власт во Општина Центар. Притисокот продолжува и јасно е дека целта на нападите не е некаква дивоградба туку јас лично, особено што општината најави и експресно донесе и ново решение, кое пред да ни го достави, преку соопштение го објави со најава и повторен притисок дека е даден рок за рушење од 15 дена. Не знам по кои прописи и не знам во која постапка дали досега се случило инспекциски надзор да се врши од канцеларија, без теренска проверка и повикување на странките, како што е овој случај, и одлуки да се објавуваат преку соопштенија на општинската власт.
ПРЕС24: Вашите адвокати најавија тужби за обештетување, ќе го терате ли целиот случај до крај?
ПАНЧЕВСКИ: За истото се води и кривична постапка против вработени во општината по пријава на мој роднина, а тужбите за обештетување се неспорни бидејќи е потврдено незаконското работење на општината. Вината согласно Законот за облигациони односи е основ за штета како што е и рушењето поради присилба од страна на општината. Моето семејство планира целиот случај да го истера до крај, бидејќи и покрај задните намери со овој исконструиран случај се повредени основните и елементарни човекови права како и уставното загарантирано право на сопственост при што од страна на општината за цело време, веќе еден месец ни е пломбиран целиот објект иако се работи за неспорна сопственост запишана во Катастарската евиденција.
ПРЕС24: Истовремено обвинувањата на Ваша адреса се префрлија и во судската фела. Мислите ли дека се ова е коинциденција, или пак нешто сосема друго.
ПАНЧЕВСКИ: Обвинувањата на моја адреса продолжија и на професионален план па така за најголем криминал ме обвинуваат дека во јавноста сум го приватизирал ОСС1 само пороади тоа што со соопштение сум ја информирал јавноста за законити случувања во врска со судот и судското работење, кои се од интерес на јавноста, со што наводно сум направил злоупотреба на мојата позиција како претседател на суд , а поврзано со мое законско постапување со исклучива надлежност на претседателот на судот, согласно одредбите на ЗКП, за истрага во конкретен судија кој до ден денес, и после 9 години не ја завршил надлежниот судија. Тоа што е уште поскандалозно е што истиот ме пријавилпосле две години од даденото укажување со кое сум му дал насоки како да го заврши предметот а кривичната пријава ја поднел, за наводно мое противзаконито влијание.
Сето ова е диригирано од еден центар на моќ па затоа и сите овие случувања коинцидирааат во ист период . Интересна е и обоеноста на поддржувачите и пласирачите на вакви информации преку мој медиумски јавен линч. Целта е Кривичниот суд, позицијата претседател на Кривичниот суд, а јас лично сум жртвата во сите овие исконструирани настани. Очигледно некој смета дека може да го скрши последниот бастион на правдата и во иднина преку овој суд да располога како сака со непристрасноста и законитоста на досегашното и идно работење на судот, а со тоа да доведе до некаков посакуван исход и да ја оправда досегашната незаконитост на новоформирани квази институции, за што како суд јавно информравме.
ПРЕС24: Последен беше инцидентот во судот, кој за малку не заврши со физичка пресметка. Претпоставувате дека е некоја режија, но зошто овој атак врз Вас и во ова време?
ПАНЧЕВСКИ: Од ова не отстапува ни инцидентот за што ОСС1 ја запозна јавноста, во која од раководител на одделение за човечки ресурис од само за него познати причини нападна портпарол на судот:
osskopje1.mk/Novosti.aspx?novosti=581
ПРЕС24: На тој инцидент му претходеше писмо од 15 –тина судии. Тие ве обвинуваат дека го злоупотребувате судот за лична пресметка со колега. Вие велите дека тоа е политичка пресметка. Зошто?
ПАНЧЕВСКИ: На целиот след на настани следуваше и писмо за „мој огромен грев и злоупотреба“на веб сајтот на судот за информации кои го засегаат судот, судиите и судското работење, а се од интерес за јавноста, ( за што наведов и во претходниот одговор ) па одеднаш се појавија 15 душегрижници скриени зад наводни судиски скратени потписи дека тоа била моја лична пресметка со колега. За се ова е известен Судскиот совет и Советот за утврдување на факти. Замислете злоупотребата на веб – страната за информации поврзани и во врска со работењето на судот и судиите во судот, како јавни личности, кое нешто е право и обврска на секој претседател на суд и е во насока на демократските процеси да се гарантира трансапретно и јавно информирање, како што тоа го прави овој суд повеќе години.
Дел од наведените 15 судии беа објавени на некои од порталите по она што јас го видов, таму има 12 скратени потписи од вкупно 72 – ца судии во овој суд, а истовремено неодамна преку порталите беа објавени и имиња на одредени судии кои ни малку не се непознати за Судскиот совет и Советот за утврдување факти, а и на колегиумот на судии при овој суд како кочничари во реформските процеси што како претседател ги спроведувам овие 4 години. Помеѓу нив најистакнат е судијата Иван Џолев за кој подолго време го известувам Судскиот совет за незаконито постапување за што сум известен и од Антикоорупциската комисија и од Агенцијата за електронски комуникации во врска со негово конкретно постапување, а особено е важно да се каже дека овој судија веќе две години нелигитимно истапува како претставник на подружницата на Здружение на судии при овој суд и притоа одржува тајни состаноци со одредени колеги на штета на колегиалните односи во судот, злоупотрбувајќи ја таа позиција против мене и моето менаџирање со судот за цело време предизвикува и повикува на отпор кај одредени судии и колеги. Јас сум изненаден од фотографиите кои ги видов на одредени медиуми каде судии и вработени во овој суд се фотографирани за време на шарената револуција која има имаше политички предзнак бидејќи вработените во овој суд и суиите не би требало даимаат врска со политика и политички влијанија.
Затоа сето ова наликува на политички отпор пренесен во судската власт каде најверојатно се злоупотребени извршители на судската влас за некакиви политички цели.
ПРЕС24: Се појави и тужба од судија, која се поврзуваше со Вас исто поради влијание врз судија. Што станува со тој случај?
ПАНЧЕВСКИ: Тужбата од судијата се однесува за наводно противзаконско влијание за кое зборував погоре, по која јас дадов изјава во Обвинителството , а потоа веднаш иако тоа што сум бил повикан во својство на обвинет мене лично не ми одговара и влијае на мојот углед, иако не е точно, претставување дополнителен проблем кај засегнатите, па продолжија со нападите врз мене, но за ова прашање оставам надлежните органи понатаму да постапуваат согласно законот и да ја ценат основаноста на обвинувањата. Убеден во исправноста на моето постапување на записник пред обвинителството поднесов кривична пријава против судијата Џолевза лажно пријавување.
ПРЕС24: Неодамна и претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова директно изјави дека Вие не заслужувате уште еден избор. Таа вели дека, иако ве промовирала, сепак долго време до нејзе доаѓале укажувања од судии за вашето работење?
ПАНЧЕВСКИ:Долго време овој суд не може да се одвои од мрачното време на Лидија Неделкова. За нејзиното работење и резултати сведочат неизготвени извештаи и хаотично работење за сите години на нејзиното претседателствување со Кривичниот суд кој како претседател го затекнав во очајна состојба во 2012 година каде судското менаџирање беше доведено до колапс. Ми беше потребна скоро цела година да го изменаџирам остатокот на нерешени предети и неажурното и бавно постапување без процедури и задолженија, за што сведочат и извештаите кои ги имам доставувано до Судскиот совет. Не би потсетувал на блискоста и личните контакти на поранешната претседателка со афирмирани адвокатски канцеларии и истакнати политички личноти и личности од бизнис сферата.
Не е точно дека таа ме промовирала, како што таа наведува, јас би се срамел да било тоа така, и не знам каква е таа промоција на судија и со што е пропишана. Но затоа знам за нејзините обиди за мешање и влијание во работењето на Кривичниот суд и во „промоции“ на судии во овој суд за што сведочат и таканаречените бомби, кои ни самата не ги негира. Особено се интересни промоциите на овие 15 судии кои неодамна беа објавени со скратени потписи како луќе блиски до неа, секога незадоволни и спремни за акција по нејзин барање.
Долго време ми требаше да ја затворам црната страница на Лидија Неделкова бидејќи времето ќе покаже дека и од нејзиното менаџирање и со највисокиот суд - Врховниот суд на Р.Македонија ќе останат само празни страници во македонското правосудство, што останува без коментар.
Само за илустрација, од големиот број барања и дописи кои како суд сме ги имале до највисокиот суд кои останале неодговорени или сме биле одбиени, би ги споменал проблемите со кои како суд се соочувавме со обезбедување на големата сала во Врховниот суд која беше неопходна за одржување на судењето за Диво Наеље на која имаше интерес да присуствуаат медиуми, невладини организации, амбасадори и роднини на обвинети, а Неделкова пред сите нив тврдеше дека судската сала била за свечености не за судења, примерот со затворање на рампата која води до паркингот на Кривичниот суд, па судиите на овој суд немаше каде да ги паркираат своите возила за кое пишуваа медиумите, пријавите поднесени против мене преку адвокатска канцеларија блиска до неа и нејзиниот бизнис роднина и за многу други кои беа приемр за нејзин потсмев во јавноста.
Во нејзиното телевизиско излагање како Претседателката на Врховниот суд јавно ме обвини мене и судиите на овој дека сме помагале на одредени обвинети политичари во постапките на СЈО што од нејзина страна претставува скандалозна изјава бидејќи и самата знае дека сите одлуки согласно закон се преиспитувани од повеќе истанци, па затоа нејасно е какво би било тоа влијание. Секој кој има основно познавање на правосудството знае дека јас како претседател на судот и како судија ниту сум учествувал ниту сум можел да учествувам во сите одлуки на судот по предметите на СЈО.
Зад мојот мандат остануваат конкретни резултати за еден претседател на суд, како подигнување на транспаретноста на судот, решавање на оставените нерешени предмети од претходниот претседател, воведување на новитети за олеснување на пристапот на странките во предметити и граѓаните до бараните услуги од судот, олеснување на заторските спроводи како и електронско издавање на потврди за посета на притворени лица и Уверенијата за неосудуваност сето ова е наведено во годишните извештаи и ќе биде наведени и во ниовиот извештај за тековната година.
ПРЕС24: Очекувате повторен избор?
ПАНЧЕВСКИ: Оставам судскиот совет врз основа на сите квалитети на кандидатите да донесе одлука ценејќи ги досегашни резултати во нивното постапувањето како судии како и изготвените програми за работењето на судот. Секако дека врз основа на моите резултати и очекувам тоа да биде ценето и да добијам повторен избор, затоа и сум ја поднел и пријавата и сум изготвил програма за новиот 4 годишен мандат.
ПРЕС24: Судијата кој поднесе тужба против вас за дело постаро од две години е ваш противкандидат за претседател на судот. Дали кандидатурата беше мотив за поднесувањето на тужбата?
ПАНЧЕВСКИ: Не би навлегувал повеќе во мотивите на колегата Иван Џолев и на кривичната пријава за која ви објаснив погоре, но би споменал што пријавата, поднесена после две години од настанот, доаѓа во исто време кога и СЈО поведе истрага против судии од Управниот суд токму пред изборите кога и треба тој суд да одлучува за предмети поврзани со изборите, иако тоа го најави пред повеќе месеци. Ваквите „темпирани бомби“ врз правосудната власт се поклопуваат и со изборот за нов претседател на функцијата Претседател на кривичен суд. Функција која очигледно некој смета дека во иднина би можел да ја користи за добивање на посакуваниот исход од актелните случаи.
ПРЕС24: Има ли политички притисок врз судството и од која страна тој доаѓа?
ПАНЧЕВСКИ: Политичкиот притисок последниве години според мое мислење се манифестира преку нечиј обид за медиумски притисок по одредени актуелни случувања во правосудството каде најчесто не се гледа суштината на поведената постапка туку во зависност од интересите, без оглед чии и да се, под превезот на слобода на јавно информирање секоја од заинтересираните страни ги крши основните слободи и права и што е најважно од се пресумпцијата на невиност. Врз судот секојдневно се прават притисоци за јавност и транспарентност за секое судско дејствие, од кое трансапретно информирање секојдневно се прават спектакли при што суштината на кривичната постапка ја губи функцијата, поради која и постојат правосудните органи. Во сето ова не се цени повеќестепеноста при судското одлучување со оглед да сите одлуки на овој суд се преиспитуваат од повисоките судски истанци, иако тежината на одлуката преку притисокот и спектаклите се пренесува врз првостепениот суд. Ова е суштината на состојбата со правосудниот систем во Р.Македонија и овој товар го носи системот и судиите како извршители на судската власт, бидејќи судот секогаш бил филтер и го расчистувал она што другите две власти на системот – Извршната и Законодавната ќе го создадат како проблем, па поради тоа лошата перцепција на судскиот систем е одраз на другите две власти во системот.
ПРЕС24: Откако беше формирано СЈО некако како постојано да постои некаква нетрапеливост меѓу двете институции. СЈО Ве обвинуваше за несоработка, Вие пак постојано велевте дека проблемот е во СЈО, во тој контекст беше и она писмо кои произлезе како став на судот? Мислите ли дека ова што Ви се случува е поврзано со СЈО?
ПАНЧЕВСКИ: Уште од самиот почеток судот транспарентно ја известуваше јавноста, соодветно на пристапот на СЈО кон јавноста. Не постои и не може да постои нетрпеливост помеѓу институциите бидејќи и двете институциите треба да постапуваат согласно закон, иако постои голема разлика на институции со традиција и ад – хок институции формирани со политичка воља. Незнам дали некаде во некој систем постојат вакви ад-хок тела и дали принципите по кои што се основани се применети и во основањето на СЈО. Судот преку одлуките на сдуиите од овој суд и транспарентно информирање на јавноста укажуваше на незаконското постапување од страна на новоформираната институција, но со последните случувања некој гласно се обидува да го замолчи. Наместо коректив, судот јавно беше окарактеризиран дека стана кочничар, што за потсетување би се повикал на првото соопштение на СЈО, по одлуката на судот за првиот предмет на ова обвинителство кога кратко ја информираа јавноста дека : Судот ја пропушти шансата да се запише во историјата. Од денешен аспект по сите поминати ситуации со оваа политички основана институција, а во контекс и на последните случувања почнува да ми станува јасно за контекстот - како и кој ја запишува историјата на Македонија!
ПРЕС24: Катица Јанева и голем дел политички аналитичари на опозицијата ја заговараат идејата за формирање на посебно одделение во кривичниот суд за делата произлезени од СЈО и формирање на специјален суд. Кој е Вашиот став за тоа?
ПАНЧЕВСКИ: Гледајќи низ призмата на последните случувања во Кривичниот суд поврзани и со мене како личност и како претседател на судот по тезите на сите аналитичари, а по примерот на СЈО, сметам дека во нечии експертски глави може да се формира и посебно приватно оддление за делата произлезени од СЈО, па дури и формирање на приватен специјален суд за делата произлезени од СЈО. Мој став е дека е приватизирана Општина Центар, Одделот за човечки ресурси во судот, одредени судиски канцеларии, и тоа е македонската демократија, сите комуницираат со соопштенија и изјави по медиуми и свои јавни видувања во зависност од нивно расположение и со тоа ја занимаваат јавноста. Се надевам дека македонската историја нема да заборави да ги запише овие денови на беззумие и самоволие.
Тука дополнително би ги споменал и толкувањата на судии, мои противкандидати при избор за нов претседател, кои со свои изјави и интервјуа во медиумите претставуваат планови како ќе се подобреле меѓучовечките односи и работата во судот со моето заминување од функцијата, а токму таквото нарушување на меѓучовечките односи се обидуваат да го предизивкаат со нивни медиумски излагања и тајни состанчења.
ПРЕС24: Изминативе години опозицијата постојано ја наметнуваше тезата дека судскиот систем во Македонија е девалвиран, партиски инструиран и на тој начин ја рушеше довербата во оваа систем. Како вие гледате на независноста на судството? Зоран Заев неодамна најави целосен реизбор на судиите. Судската фела некако остана тивка на оваа изјава?
ПАНЧЕВСКИ: Перцепцијата за деволиран и партиски инструиран судски систем може да се гледа од повеќе аспекти во зависност од тоа дали ја гледате како директен учесник во судска постапка или како систем на гаранција на слободите и правата на човекот и граѓанинот каде судот преку примена на законот и фактите на случајот одлучува за правата и слободите на човекот и граѓанинот. Досега ваквата перцепција ја наметнуваат единствено учесниците во судксата постапка незадоволни од исходот на истата, непочитувајќи ја најпрво моралната одговорност пред самите себеси и причините за поведување таква постапка против нив, па сакајќи да го срушат судскиот систем како некакво зло за нив. Затоа најесно е желбата да ја остварат со реизбор и поставување на свои послушници како би добиле посакуван исход. А во однос на последното прашање за тивкиот пристап на судската фела, оставам другите претставници на правосудниот систем да си го кажат своето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа