Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе играат на пријателскиот натпревар со Бугарија

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација  Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Бугарија закажан за 14 август во Скопје.

За првпат на А селекцијата и се приклучува Давид Бабунски од Барселона, додека од домашното првенство е повикан најдобриот стрелец од минатата сезона, Јован Костовски од Вардар.

- Ова е последна проверка пред квалификациските натпревари со Велс и Шкотска во септември, затоа иако сега е подготвителен период во сите клубови, се одлучив да повикам играчи кои имат минутажа и се активни во своите клубови. Овој натпревар не е за да експериментирање како што направивме со Шведска и Норвешка во јуни, затоа треба да го сфатиме многу сериозно, изјави Јаневски за веб страната на ФФМ.

Јаневски информира дека е остварен контакт со сите повикани, а Горан Попов не успеал да го добие и покрај вложените напори.

На списокот на Јаневски се наоѓаат:

Голмани: Томе Пачовски (Мехлен - Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт - Романија) и Дарко Тофилоски (Кошице- Словачка).

Одбрана: Александар Тодоровски (Штурм - Австрија), Даниел Георгиевски (Стеауа - Романија), Стефан Ристовски (Латина - Италија), Николче Новески (Мајнц - Германија), Ванче Шиков (Волин - Украина), Даниел Мојсов (Бран - Норвешка) и Даниел Ивановски (Мјалби - Шведска).

Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков - Полска), Стефан Спировски (Борац Чачак -Србија), Никола Глигоров (Кхазар Ланкаран - Азербејџан) и Давид Бабунски (Барселона - Шпанија).

Напад: Александар Трајковски (Злуте - Белгија), Агим Ибраими (Марибор - Словенија). Иван Тричковски (Беверен - Белгија), Мирко Ивановски (Астра - Романија), Горан Пандев (Наполи - Италија), Адис Јаховиќ (Вил - Швајцарија) и Јован Костовски (Вардар - Македонија).

ФОТО: Денешен

14:11

најчитано сега