Вечерва голема акција на граничниот премин Ќафасан

 На граничниот премин „Ќафасан“ на албанско-македонската граница, кај Струга, албанските гранични органи спречиле шверц на 54 килограми марихуана.

- Уапсено е лицето Гентиан Ќари (41), жител на Тирана. Дрогата е откриена во камион марка „ДАФ“ при излез од Република Албанија во Република Македонија. Откако се посомневале за недозволена трговија со дрога извршена е детална конрола на возилото, стои во полициското соопштение.

Според албанската полиција, скенерот открил 70 пакетчиња скриени под подот на приколката на камионот.

Уапсениот Ќари, ќе одговара за „обид за недоволена трговија со наркотици“

 
 
16.11.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега