И во Македонија се обучуваат терористи - еве како се подготвуваат исламистите да ја окупираат Европа

 

Исламски терористи во Македонија се обучуваат за самоубиствени бомбашки напади, објавува руското радио „Гласот на РУсија“, повикувајќи се на руски разузнавачки служби. Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово, јужниот дел на Србија и на Црна Гора, според исламистичкиот план „Европа 3000“, треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа.

Според руското радио „Гласот на Русија“, обуките на терористите се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и еден дел од Македонија. Радиото, повикувајќи се на руски разузнавачки служби, објавува дека обуките се вршат под заштита на Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК.

За извршување на терористички активности се обучуваат Босанци и Албанци кои имаат словенски изглед. Овие терористи би можеле да патуваат секаде низ светот, без да им бидат сомнителни на полициските и разузнавачките служби. Борците со словенски изглед се наречени “бели ѓаволи“ и тие се подложени на најдобра обука, која ќе ги подготви за Џихад во цела Европа и Русија. „Белите ѓаволи“ се подготвени да изведат самоубиствени напади, односно “маченичка смрт“ во имео на Коранот.

СПоред руското радио„Гласот на Русија“, јадрото на оваа група се состои од босански муслимани како и регрути од Чеченија и останатите кавкаски региони.

06.08.2013 - 13:11

најчитано сега