Пензионер од Скопје направил драма за снаата во полициска станица

Пензионер од Скопје направил драма во полициска станица. Според информациите од МВР, 79-годишниот Т.Р. од Скопје, за да ја одбрани својата снаа која ја застанала полиција, почнал да ги навредува и омаловажува полицајците на улицата Тиранска во Скопје.

Настанот се случил околу 11 часот кога пензионерот почнал да им се заканува на полицајците, а потоа кога бил одведен во полициска станица продолжил да го прави истото.

Се преземаат мерки за документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против скопјанецот.

 
 
16.11.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега