Урнебесно соопштение на МВР за вчерашното пукање - утврдивме дека ништо немаме утврдено

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека интензивно, професионално и непристрасно работи на расчистување на синоќешниот настан во Скопје во кој е повредено едно лице.

Во соопштението се осудуваат, како што се наведува, обидите за ширење дезинформации и невкусни инсинуации со цел добивање на политички поени, а на сметка на девалвирање на професионалноста на вработените во МВР. Ви го пренесуваме соопштението на МВР, онака како што тие го пратиле.  Потенциравме само неколку зборови, за подобар визуелен приказ.

Откако ќе го прочитате соопштението, ви станува јасно дека во МВР утврдиле дека местото на кое што се случиле пукотниците е нутврдено, сторителот е непознат, испукал неколку (неутврден број) на куршуми и побегнал во непознат правец. Од друга страна, повреденото лице, најверојатно (не е се уште утврдено) се наоѓало во својот автомобил и најверојатно (пак не е сигурно) се упатило кон болница. 
Она што со сигурност утврдено е дека МВР работи професионално и дека медиумите кои пишуваат дека се кријат инормации за наводна поврзаност на повредениот со врвот на СДСМ се непрофесионални. Барем нешто е утврдено, да не е без ич.

 
 
15.11.2016 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега