СИТЕЛ: Вооружен грабеж во Штип

Филмски грабеж во центарот на Штип. Синоќа околу 20 часот, маскирано лице со фантомка на главата влегло во маркетот и и се заканило на касиерката со пиштол на глава да му ги даде парите од касата.

-Потоа и со употреба на физчка сила, насилно од металната фиока на регистар касата одзел околу 17 600 денари, по што побегнал во непознат правец-изјави Гордана Панајотова, портпсрол на СВР-Штип

Преплашената продавачка успеала за кратко време да се соземе од преживеаниот шок и да повика полиција. Од СВР информираат дека интензивно се трага по сторителот и се работи на расчистување на случајот. Ова не е прв пат на вака дрзок начин да се изврши грабеж додека трае работното време и кога улиците сеуште се фреквентни. Соседите раскажуваат дека само овој маркет во изминатиот период е мета на крадците најмалку 4 пати.

 
 
15.11.2016 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега