Тетовчанец тргнал да го земе синот од работа - го пречекале со пендреци и ножеви

Во 20 часот и 30 минути синоќа, во селото Палатица, 38-годишниот Ф.Н. преживеал хорор. Околу 18 часот Б.Н. го нападнал кога тој отишол да го земе неговиот син во автоелектричарски салон лоциран во селото Желино.

Според податоците од МВР, додека Ф.Н. бил во неговото возило „Фолксваген Пасат“ дошол насиликот и поради претходни недоразбирања, ја отворил возачката врата и со железен пендрак му задал два удари во пределот на главата.

Потоа, насилникот извадил и нож со кој сакал да го нападне. Во тој момент излегол сопственикот на сервисот Ш.Н., кој го тргнал напаѓачот и му кажал да влезе во своето возило. Потоа Б.Н. го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на сучајот. 

 
 
15.11.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега