ФОТО: Самсунг на големо го создава својот нов смартфон Galaxy S8
Со откривањето на некои од карактеристиките на новиот Galaxy S8, Reuters потврди дека смартфонот ќе содржи нов AI (artificial intelligence) дигитален асистент!
Новиот Al дигитален асистент ќе биде базиран на Viv, асистент кој Samsung го купи минатиот месец. Основачите на Viv Labs се и оригиналните основачи на Siri на Apple. Reuters потврди дека звучниот асистент ќе бидат достапен и за други Samsung уреди.
Секако, Samsung веќе има асистент за своите смартфони, но неможе да се спореди со Siri, Google Assistant, или Cortana на Microsoft. Новиот асистент треба да биде покорисен.
Заедно со новиот асистент, Galaxy S8 ќе има нов модерен дизајн и поквалитетни камери. Смартфонот најверојатно ќе биде најавен во февруари или март, а ќе биде достапен на пазарот кратко потоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа