Скопјанка му раскинала на момчето, но по неколку дена животот и се претворил во пекол

Вистинска драма се одвивала вчера околу 00.00 часот во Скопје на ул. „Среќко Пужалка“, додека шеснаесетгодишно девојче  било само дома, дошло, исто така, шеснаестгодишно момче, нејзин познаник, со кого до пред извесно време била во љубовна врска. Истиот, држејќи нож во рака, влегол преку незаклучената врата.

Како што информираат од МВР, најпрво и го искршил мобилниот телефон за да не може да повика полиција, а потоа седел речиси до 00.50 часот обидувајќи се да ја предомисли за повторно да бидат заедно. Девојчето се обидело да го оттурне од себе при што се здобила со две површински расекотини од нож на десната рака, а од ударите со тупаница и нанел и повреди на главата. Напаѓачот изреволтиран, со ножот оштетил телевизор, го искршил лаптопот и ја оштетил влезната врата, по што заминал од местото на настанот. Веднаш потоа девојчето отишло на лекарски преглед во Ургентениот центар Скопје.

По констатираните телесни повреди истата била пуштена на домашно лекување. Во 04.25 часот во полициската станца во Гази Баба, заедно со нејзините родители, го пријавила случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
13.11.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега