Силна експлозија одекна во скопско Маџари

Вчера  околу 00.15 часот во Скопје на ул. „Анри Барбис“ во населба Маџари се слушнала силна детонација од експлозивна направа од која биле оштетени прозорци од куќата сопственост на 56-годишниот Д.С. било оштетено и едно возило марка  „Хјундаи Атос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот М.Т. . Во експлозијата нема повредени лица. За настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој вршел увид до 03.20 часот. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но се уште не е познато од кој вид. Од местото на настанот бил подигнат предметен материјал кој е доставен на вештачење.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот.

 
 
13.11.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега