Македонските војници утре ќе ги одиграат финалните натпревари во повеќе дисциплини

 

Утре, во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ - Денот на АРМ, на Воениот стадион  во Скопје со почеток во 09:30 часот ќе се одржат финалните натпревари во кошарка, одбојка, фудбал, пинг-понг, шах и крос – кантри.

На постројување на спортските екипи за финалните натпревари пригоден говор ќе одржи и Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Горанчо Котески.

Во досегашното двонеделно натпреварување во сите дисциплини учество земаа над 1500, а во утрешното натпреварување учество ќе земат околу 150 припадници на армијата. Натпреварувањата се одвиваа во сите гарнизони на АРМ низ Републиката.

 

 ФОТО: Канал5

 

 

06.08.2013 - 09:51

најчитано сега