Спасов: Два пати бев нападнат од лицата кои обидоа да ме извадат од возилото
Ниту забележав, ниту почувствував било каков удар со возилото кое ме следеше и од возилото од кое излегоа лица кои се обидоа да ме нападнат, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
-Според моите информации ова не може ни да се утврди. И во пракса најчесто кога ќе се случи судар, оној кој пријавува најчесто ја чека полицијата да дојде увидната екипа, седи и останува на местото на настанот со цел да се утврдат околностите под кои е случен сударот, причинетата штета како и вината. Ова не беше случај, можеби сум се разминал со тоа возило, но не почувствував никаков контакт или удар, а возилото го забележав дека ме следи. Потоа два пати бев нападат од лицата и тие се обидоа да ме извадат од возилото кое го управував, објаснува Спасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа