Имале секс на врвот од ридот, во живо ги гледале стотина луѓе

 

Млада бразилска двојка се осмелила да има секс иако знаеле дека ќе ги набљудуваат најмалку стотина луѓе. Тие дошле на врвот од ридот Моро до Агудо на кој се поставени камери од страна на параглајдерскиот клуб.

Камерите се поставени за да можат да се посматраат летовите на љубителите на спортовите.

Полицијата била набрзо известена од страна на гледачи, кои биле изненадени од необичната глетка.

-Ми заѕвони телефонот и добив порака дека на врвот од ридот момче и девојка имаат секс, па испратив патрола. Полицијата затекна целосно гол пар. Ги замоливме да престанат и да се облечат пред да ги однесеме во станица, вели началникот на полицијата Цезар Луис Данунс.

Локален параглајдер наведе дека двојката знаела дека има камери и биле предупредени, но љубовниците изјавиле дека биле долго заедно и имале желба да водат љубов токму на тоа место.

 
 
01.11.2016 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега