Внимавајте: Популарните пластични сандали се канцерогени

Тестирањето кое го иницираше германската национална телевизија покажа дека во пластичните детски сандали кои се популарни кај децата, има преголема доза на канцерогени соединенија.

Практичните и удобни сандали кои масовно ги носат и децата и возрасните, може да содржат високо токсични и канцерогени хемикалии. Најзагрижувачко е присуството на полициклични ароматски јагленoхидрати кои се исклучително канцерогени.

Во оригиналните сандали „Крокси“, не биле пронајдени овие штетни соединенија, но, тестирањето открило раствори кои можат да предизвикаат иритации на кожата и алергија.

 

најчитано сега