Александар Пандов: Ќе се одважи ли Заев да му честита на Груевски на 11 декември?
Политичкиот аналитичар, Александар Пандов смета дека главно прашање од кое ќе зависи дали Македонија ќе излезе од политичката криза или таа ќе се продлабочува по 11 декември е однесувањето на Зоран Заев. Пандов во интервју за Прес24, вели дека клучно е дали Заев ќе се одважи да му ја честита победата на Груевски или ќе гледаме реприза од изборите 2014.
-Притоа да на поменам дека што е поголема разликата во гласови, толку е помала неговата можност истите да ги негира. Исто толку важни се и изјавите на гарантите на пржинските договори, како и многубројните набљудувачи на изборниот процес. Калкулации од типот сите постизборно против ВМРО и изборната воља на најголемиот број на гласачи, за мене е просто невозможна. Тие што се заговорници на такво сценарио треба да знаат дека одговорот на народот би бил жесток и тоа со сигурност би довело до судири помеѓу двете спротивставени страни, вели Пандов во интервјуто за Прес24.
Пандов потенцира дека во периодот што следува СДСМ максимално ќе ги користи структирите Сорос и на македонското полициско-политичкото криминално подземје, како главни агитатори на негативната кампања против ВМРО ДПМНЕ до изборите. Тој процес, според него е почната веќе две години, а деновиве беше реализирана една таква фаза.
-Неделата што измина главна ѕвезда им беше екс директорот на државна безбедност, Слободан Богоевски кој идеално се вклопува во друштвото на Заев и неговите, а повторно во истата улога, преку лаги и невистини за функционери од ВМРО направи штета на нивниот рејтинг, а со тоа да го намали и рејтингот на партијата. Благодарение на социјалните мрежи неговите лаги беа веднаш демантирани, а како што слушнавме ќе добие и соодветни пријави од партијата за искажаните клевети. Сепак неговите лаги беа доволен повод соросовите платеници наредните ден два истите ги третираат како главна вест. Не сум единствениот кој тврди дека во недостаток на програма и луѓе, во наредниот период до изборите единственото нешто што ќе го слушаме од опозицијата е токму ваква црна кампања, вели Пандов.
Политичкиот аналитичар, во интервјуто за Прес 24, е убеден дека ваквата кампања на СДСМ нема да му наштети на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ.
-Со полно право Груевски и на овие избори бара апсолутно мнозинство во парламентот. Да се потсетиме дека кога дојде на власт невработеноста во Македонија беше 38 %, а сега е 24% и притоа се отворени нови 170 000 работни места. Колку и да сака некој да ги минимизира успесите на македонската влада не може да го прескокне податокот дека по новото рангирање на светска банка земјата е на 10 место во светот по можноста за развивање на успешен бизнис, а 5 во Европа. И покрај замајувањето на јавноста од страна на опозицијата со разни неважни и маргинални прашања и понатаму за граѓаните главно и најважно прашање е нивната егзистенција и подобар и поквалитетен живот. Најсигурни од пат до тие цели е преку ВМРО и Никола Груевски, вели Александар Пандов во интервјуто за Прес24.
ПРЕС24: Едно интервју на екс првиот човек на УБК, Слободан Богоевски предизвика големо внимание во јавноста, но она што е особено шокантно е еуфоричниот восклик опозиционерите. Иако од тоа интервју јасно се читаше политичката мотивираност на соговорникот, сепак она што можеби треба да биде предмет на анализа е како тоа „самодекларираните демократи“ во македонското општество така лесно и еуфорично ги примија недемократските и џандарски методи на Богоевски, како апсолутна вистина?
ПАНДОВ: Македонија повеќе од две години е во политичка криза. Таа започна со непризнавање на резултатите од гласањето за парламентарните избори 2014 и невлегувањето на опозиционите пратеници во собранието, за да нешто подоцна се развие со уценување и рекет на највисоките функционери во Македонија, па преку објавување на телефонски разговори до улични протести. Од самиот почеток на криза се појавуваат имиња од македонско полициско-политичкото криминално подземје, поточно ликови кои во минатите 25 години на повеќе пати учествувале или биле креатори на разни афери, пучеви и криминали, а се со цел да дојдат до власт, функции и привилегии за самите нив. Неделата што измина главна ѕвезда им беше екс директорот на државна безбедност, Слободан Богоевски кој идеално се вклопува во друштвото на Заев и неговите, а повторно во истата улога, преку лаги и невистини за функционери од ВМРО направи штета на нивниот рејтинг, а со тоа да го намали и рејтингот на партијата. Благодарение на социјалните мрежи неговите лаги беа веднаш демантирани, а како што слушнавме ќе добие и соодветни пријави од партијата за искажаните клевети. Сепак неговите лаги беа доволен повод соросовите платеници наредните ден два истите ги третираат како главна вест. Не сум единствениот кој тврди дека во недостаток на програма и луѓе, во наредниот период до изборите единственото нешто што ќе го слушаме од опозицијата е токму ваква црна кампања.
ПРЕС24: Ако се анализираат и настаните по интервјуто, изјавите на поранешни функционери на СДСМ, како и други опозициски аналитичари и политичари, тогаш се чини дека целата приказна имала наменски и организирана стратегија за политички напад врз владејачката партија? Може ли да се повлече ваков заклучок?
ПАНДОВ: Очекувано беше дека нивната соросова платеничка структура на секој начин ќе се обиде да ги подржи ставовите на осуденикот Богоевски. Впрочем тоа е една те иста групација која веќе 25 години ја тероризира македонската јавност, но за разлика од минатото во оваа двегодишна политичка криза народот многу јасно им порача на овие изроди дека ние Македонците многу добро ги познаваме и политичките состојби, како и нив како ликови и не можат повеќе да ни продаваат шарени лаги. Едноставно денес во Македонија поради огромниот број средства за информирање секој еден знае кој за што работи во државата. И покрај тоа што на ваков начин тие добиваат по некој ден на медиумско внимание, сигурен сум дека на крајот од денот ваквите луѓе и ваквата кампања најмногу ќе им се удрат од глава на Заев и СДСМ.
ПРЕС24: Паралелно како што Македонија влезе во предизборниот период така и СЈО се активираше. Како Вие ги оценувате овие засилени активности на СЈО?
ПАНДОВ: Несомнено дека неуставното СЈО прерасна во главна пропагандна алатка на СДСМ. Ако знаеме дека тоа обвинителство од самиот почеток не го бара одговорот на главното прашање, а тоа е кој тоа прислушнувал и за чиви интереси, туку прави се да тоа прашање нема одговор и притоа од трач муабети прави случаи за кој излегува на пресови и фрла дрва и камења по раководството на ВМРО, исто така е за очекување дека во наредниов период до изборите се позачестено ќе ги гледаме како се урлаат и викаат пред одредени институции, а повторно се со една и единствена цел, привлекување на медиумско внимание и дефукусирање на македонските граѓани од изборната кампања и прашањата кои нив ги интересираат.
ПРЕС24: Последните два настапи на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, едниот на ТВ интервјуто, во кое одби повторно да зборува за финансиите и вториот случајот со МВР беше повод и за една реакција на јавните обвинители. Но како Вие го коментирате фактот што за ваквото однесување на Јанева интелектуалната јавност остана без коментари?
ПАНДОВ: Во Македонија не постои човек на кого не му е јасно дека СЈО е експозитура на СДСМ, но се надевавме дека барем малку ќе има независен и балансиран пристап. После нејзините последни настапи во парламентот и телевизиските интервјуа Катица ги отстрани сите дилеми дека таа институција стана бастион за партиски и роднински вработувања. Зачудува фактот како дотичната особа со леснотија ги одбегнува прашањата за нејзиното финансиското работење и најарогантно ги избегнува одговорите на прашањата околу тоа како се трошат парите во СЈО. Верувам знае дека како и сите ние останати граѓани на оваа држава така и за нејзе важат позитивните закони и дека такви дела не застаруваат. Од тука не зачудува реакцијата на обвинителската фела на ова нејзино однесување и се надевам дека во идно време и надлежните државни институции кои се задолжени за контрола ќе си ги превземаат работите во свои раце. Во делот на реакции од интелектуалната јавност не е дека ги нема, но нормално е дека ќе молчат тие кој Катица ги има корумпирано преку нивно ангажирање како советници. Листата на нејзини платеници е долга, а тоа се пред се ликовите кои во изминатиот период на цел глас трчаат по телевизии и ја фалат нејзината работа. Та не е далеку од вистината дека денес ако сакаш брзо вработување, голема плата и ич работа, почни да ја фалиш Катица.
ПРЕС24: СДСМ неодамна најави широк фронт против власта, дали по тој фронт, освен политичките активисти на опозицијата, подразбираше и активирање и на вакви структури како што се СЈО, поранешни тајни полицајци...
ПАНДОВ: Широкиот фронт кој го најавуваше Заев требаше покрај Катица и СЈО, соросовиот платенички невладин сектор да ги собере и сите останати партии од левицата и политичкиот центар. За нивна жал сведоци сме дека покрај СЈО и Сорос како традиционални нивни партнери, Заев има огромни проблеми да направи единствен блок во левицата. Се погласни се најавите дека одреден број партии ќе настапат самостојно како леви партии, а веќе е сигурно дека покрај нивниот фронт, ќе има и втор кој ќе настапува во центарот, каде што исто така се далеку од некаков договор. Од се ова останува дека Заев единствено на кого со сигурност може да смета се разно разни криминалци, бивши разузнавачи, платеници и губитници, кои како структури и во минатото биле главни подржувачи на неговите политики
ПРЕС24: Можат ли сите овие активности да влијаат врз изборниот процес, во смисла на одложување на изборите?
ПАНДОВ: И покрај сите овие активности, за разлика од закажаните па одложени априлски и јунски избори, овој пат не верувам дека ќе има одложување на закажаните декемвриските избори. Притисокот од домашната, но и меѓународната јавност да се одржат е огромен и мислам дека тоа го знаат и чувствуваат и во СДСМ. Маневарскиот простор за бегање од избори им е минимален и секој таков обид би бил со огромни последици по нив и рејтингот кој и така им е мал. Конечно самиот изборен процес е во многу одмината фаза и од него враќање нема
ПРЕС24: Може ли сета оваа кампања против ВМРО ДПМНЕ да ја промени општата перцепција на гласачите?
ПАНДОВ: Подолг период македонските гласачи гласаат ЗА. Што ќе рече Македонците сакаат конкретни проекти за подобрување на нивното живеење почнувајќи од полесно вработување, па преку подобра инфраструктура, до подобро здравство и образовани, повисоки плати и пензии или наједноставно кажано подобар стандард. ВМРО и нејзиниот лидер Никола Груевски во континуитет дава одговор на нивните барања. Тој покажа и докажа дека во Македонија народот може да му верува на политичарот и на неговите ветувања. Пристапот на отчетност кој го има, како гаранција на ветеното го гледаме секојдневно. Високиот степен на информираност на македонските граѓани дополнително ги зацврстува позициите на ВМРО и сигурен сум дека со сета црна кампања на Заев и Катица, а силно поддржана од соросовите медиумски платеници нема да го сменат мислењето на гласачите
ПРЕС24: Последната анкета што се појави беше на белградската агенција, која важи за блиска до СДСМ. И според таа анкета ВМРО ДПМНЕ има предност пред СДСМ. Но она што е интересно е што споредбата на анкетите на оваа агенција од пред шест месеци покажува дека СДСМ има пат на рејтингот?
ПАНДОВ: Смешни и жални се нивните обиди преку такви анкети од непознати агенции да ни покажат поинаква слика од онаа што сите ние ја гледаме и знаеме. Но ете и во такви анкети повторно водечка политичка сила е ВМРО, а што е уште поинтересно и во тие и такви анкети разликата како одминува времето станува се поголема во корист на ВМРО
ПРЕС24: Можно ли е ВМРО ДПМНЕ да го постигне резултатот од 63 пратеници за кој неодамна зборуваше Никола Груевски?
ПАНДОВ: Да. Со полно право Груевски и на овие избори бара апсолутно мнозинство во парламентот. Да се потсетиме дека кога дојде на власт невработеноста во Македонија беше 38 %, а сега е 24% и притоа се отворени нови 170 000 работни места. Колку и да сака некој да ги минимизира успесите на македонската влада не може да го прескокне податокот дека по новото рангирање на светска банка земјата е на 10 место во светот по можноста за развивање на успешен бизнис, а 5 во Европа. И покрај замајувањето на јавноста од страна на опозицијата со разни неважни и маргинални прашања и понатаму за граѓаните главно и најважно прашање е нивната егзистенција и подобар и поквалитетен живот. Најсигурни од пат до тие цели е преку ВМРО и Никола Груевски
ПРЕС24: На опозицијата и е јасно дека ќе ги загуби изборите и веројатно сега стратегијата е да се дојде до ситуација во која ВМРО ДПМНЕ нема да може да формира влада. Може ли Македонија по 11 декември да влезе во уште една нова, продлабочена политичка криза?
ПАНДОВ: Главно прашање за мене е однесувањето на Зоран Заев вечерта на 11 декември, поточно дали ќе се одважи да му ја честита победата на Груевски или ќе гледаме реприза од изборите 2014. Притоа да на поменам дека што е поголема разликата во гласови, толку е помала неговата можност истите да ги негира. Исто толку важни се и изјавите на гарантите на пржинските договори, како и многубројните набљудувачи на изборниот процес. Калкулации од типот сите постизборно против ВМРО и изборната воља на најголемиот број на гласачи, за мене е просто невозможна. Тие што се заговорници на такво сценарио треба да знаат дека одговорот на народот би бил жесток и тоа со сигурност би довело до судири помеѓу двете спротивставени страни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа