Иднината пристигна: Овој камион вози сам
Експерименти со автомобили без возачи се споменуваат се почесто, а овие денови се случи прв транспорт за комерцијални цели без помош на возач.
Во САД на 10 октомври е направен транспорт долг 200 километри со 50.000 лименки пиво без возач.
Камионот беше под будното око на професионален возач кој беше спремен да реагира во секој момент, но за тоа немаше потреба.
Иновативниот камион е дел од компанијата Ото која е во сопственост на Убер.
Оваа компанија се занимава со развој на технологијата која пробува да направи што посигурна транспортна мрежа како за луѓето, така и за производите.
Оваа технологија треба сеуште да се развива, но ова секако е голем чекор напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа